18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Идентични судбини: Проблематичните браќа на Меси и Роналдо

Просто неверојатно идентични судбини на најдобрите фудбалери на светот со нивните браќа. И двајцата имаат страшно незгодни браќа кои прават проблеми каде стигнат а кои да докажат дека се послушни во „слободно време“ работат во музеите на ѕвездите.

Лионел Меси сака да живее спокоен живот. Неговиот дом е во елитната населба Кастелдефелс којшто го нарекуваат каталонски Мајами. Лео често оди да се шиша во локалната бербернеица, сака да пие кафе Fosbury на каталонските плажи или да руча во аргентинскиот бар Ushuaia.

Неговиот брат Матиас е чиста спротивност и сака поинаков живот. Матиас останал во Росарио – градот на потомците на имигрантите, дувло на секакви престапници и криминалци. Неодамна во овој град шефот на полицијата го обвиниле и осудиле за трговија со наркотици. Росарио тотално одговарал на темпераментот на Матиас – тој е бунтовник.

ФОТО

На 8.000 километри од Росарио, во градот Фуншал, на живописниот португалски остров Мадеира живее брат му на Кристијано Роналдо, Уго Авеиро.

Додека Кристијано собирал „Златни топки“ и „Златни копачки“, Уго поминувал низ наркоманија и алкохолизам.

Судбината на Матиас и Уго е иста: безбеден живот и топол однос со ѕвездените браќа и необјаснета љубов кон родниот крај. И двајцата долго време се бореле со опасни престапи: од наркоманија до лесни дела. И двајцата одбиле да живеат луксузен живот во Шпанија – наместо тоа незгодните Уго и Матиас никогаш не го напуштиле родниот кварт и секогаш биле подложни на искушенија.

***

Бетонскиот дом со три соби, во кој се родил Кристијано веќе го нема. Во 2007-ма во градчето Фуншал на адресата Кинто до Фалкан 27А ја срушиле старата куќа затоа што почнале да се собираат скитници. На 5. февруари 1985 година во таа куќа го донеле новородениот Роналдо. Мајка му го крстила Роналдо во чест на Роналд Реган а малиот Кристијано станал четврто дете во семејството на Марија Долореш и Диниш Авеиро.

Кога се родил Кристијано, неговиот брат Уго Авеиро имал 10 години. Учел во школо, трчал по топката во дворот и рано западнал во лошо друштво. На 16 години го баталил школото и почнал да работи: прво во фабрика за алуминиум, а потоа во тим молери од 15 души.

По работно време трошел пари во локалниот бар и продолжил да се дружи со лошо друштво. На 24 години се навлекол на тешки дроги, мајка му го спасила и го пратила на клиника. Семејството немало пари: тогаш 14-годишниот Роналдо заработувал 300 долари месечно, мама Долореш работела како готвачка и чистачка, но земала ситни пари како и мажот и Диниш.

Западнала во долгови – земала кредит, а на крај од рехабилатициониот центар во Мадеира Уго изглегол чист.

Во 2001-ва Уго пак се вратил на тешки дроги но не за долго – овојпат Кристијано на свои 16 години заработувал прилично многу и платил за лекување на брат му.

Истовремено, во 2001-ва година семејството Меси се селело во Барселона од депресивниот и сив Росарио – малиот Лионел почнувал фудбалска кариера. Во Аргентина во тој период започнала социјално-економска катастрофа, пад на финансискиот систем, инфлација на аргентинскиот пезос. Можноста да отидат во процветан мегаполис за фамилијата Меси била бајка.

Но не баш сите членови се навикнале на новото место. Помалата сестра Марија-Сол ја исмевале во школо поради акцентот. Матиас и Родриго (уште еден брат на Лео – многу помирен од Матиас) тагувале по своите другари во Росарио.

ФОТО
ФОТО

Целиот напис прочитајте го на следниот линк – ОВДЕ (Извор- Офф.нет.мк)

поврзани објави

Последни објави