22.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Две екипи, еден трофеј, еден билет за Евролига!!!

 

Со вчерашната победа на Црвена Звезда над Морнар во третиот натпревар од полуфиналната серија се комплетираше големото финале на јадранската АБА лига.  Во финалето белградската екипа ја очекува дуел со одличната екипа на Будучност.

Подгоричаните покажаа и во АБА лигата и во Еврокупот дека се работи за одлична екипа која секако дека заслужува пласман во Евролигата. Предводени од поранешниот стратег на Македонската кошаркарска екипа Александар Џикич, имаат право да се надеваат на рамноправна борба со евролигашката екипа на Црвена Звезда.

Црвена Зведа подолг период е без помошта на нашиот Перо Антиќ, но се очекува тој да заигра и да ги пружи своите најдобри партии токму против екипата од Црна Гора. Будучност во серијата со Цедевита во полуфиналето покажа дека не зависи од еден играч, и дека тимската игра е таа која ги краси нив, само како податок нивниот најдобар играч низ сезоната Данило Николич беше невидлив во полуфиналната серија, но покажаа карактер и трпение кое беше крунисано со пласман во финалето.

Црвена Звезда за разлика од својот противник многу зависи многу од играта на Тејлор Рочести и Џејмс Фелдин. И ако белграѓани сакаат титула, американците во нивниот тим ќе мора да одиграат маестрална серија.

Не очекува голема борба во оваа серија која се игра до 3 добиени натпревари, екипите се две, трофејот е еден, скапоцениот билет  за Евролигашка сезона 18/19 е еден! Белград или Подгорица? Србија или Црна Гора? Црвена Звезда или Будучност? Останува да дознаеме!!!

 

поврзани објави

Последни објави