18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

П. Колев: Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе добие датум за започнување на преговори со ЕУ

Македонија оди и ќе оди напред, без разлика на лицемерието и саботажите на дел од политичката елита. Граѓаните на нашата земја сакаат да бидат и ќе бидат дел од семејството на богатите, развиени и безбедни земји. Затоа верувам дека Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и следната земја од западен Балкан која ќе добие датум за започнување на преговори со ЕУ. Се надевам дека денешното поколение политичари ќе бидеме на нивото на задачата и нема да мислиме за сопствениот конфорт и кариери, служејки се со популизам и манипулации, а ќе се посветиме на иднината на нашата земја и иднината на идното поколение.

Искрено се надевам дека следната година денот на НАТО ќе го одбележиме како полноправна членка на алијансата, пишува Претседателот на ГДУ Петар Колев на својот ФБ профил.

 

Македонија оди и ќе оди напред, без разлика на лицемерието и саботажите на дел од политичката елита. Граѓаните на нашата…

Posted by Petar Kolev on Wednesday, April 4, 2018

поврзани објави

Последни објави