Луис Фиго и е во свежо сеќавање на светската фудбалска јавност поради фудбалската магија која ја прикажуваше во првата деценија од новиот век, но исто така, Португлаецот си обезбеди и место во фудбалката историја поради тоа што го изрежира најпредавничкиот трансфер кој досега е виден во оваа игра.
Како најголема ѕвезда на Барселона, Фиго во 2000 година направи сензационален трансфер во лутиот ривал Реал Мадрид, а иако досега имаме слушнато голем број на изјави за тоа како Португалецот и го свртел грбот на управата на Барселона, сега Пауло Футре во ексклузивното гостувањет за „Чирингито“ ги откри најситните детали од комплексниот трансфер.
Поранешниот играч на Атлетико Мадрид во 2000-та година беше соработник на Жозе Веига, фудбалскиот агент кој всушност го изрежира преминот на Фиго од „Камп Ноу“ на „Сантијаго Беррнабеу“, а кој всушност бил многу покомплициран од тоа што некој може да го замисли.
Имено, како што откррива Футре, Фиго во еден момент се премислил и порачал дека никогаш нема да го облече дресот на Реал, но тогаш веќе било доцна бидејќи Веига веќе го потпишал договорот во негово име како гаранција.
– Фиго беше лут на Гаспар бидејќи беше еден од најлошо платените играрчи во Барса. Поради тоа, Веига отиде во Мадрид и склучи договор со Флорентино Перез, истиот ден кога Фиго патуваше за Белгија и Холандија за да и се приклучи на Португалија за Европското првенство. Веига после неколку дена се врати во Мадрид за да го потпише договорот, документ кој вредеше милиони и кои беше чуван во банка во Кадиз. Беше време кога имаше претседателски избори во Реал Мадрид, а Фиго беше адутот на Флорентино. Три дена пред изборите, Луис сфати во што се вметна, доби закани по животот и кога неговата сопруга го виде сето тоа, Фиго му порача на Веига дека никогаш нема да оди во Реал. Проблем беше тоа што Веига веќе го потпиша договорот, а во истиот имаше клаузула која вели дека тој ќе мора да плати 35 милиони евра доколку Фиго не заврши во Реал. Замислете што си помисли Веига кога Фиго му кажа дека се премислил и дека не сака во Реал. Кога Флорентино ги доби изборите, Веига плачеше. Во тој момент Фиго сфати колку е голема работата и тогаш и на него малку му недостасуваше да заплаче. Се друго е историја, – открива Футре.
Извор: Derbi.mk








