18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Клоп обелодени кога ќе се врати Салах

Екипата на Ливерпул одигра нерешено со Евертон во денешната градска пресметка во Премиер лигата, средба на која „црвените“ не сметаа на својот најдобар играч во тековнава сезона Мохамед Салах.

Салах се повреди на дуелиот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, но се уште не се знае колку време ќе биде во „аут“ по проблемите со препоните. Во таборот на премиерлигашот и самиот Салах беа оптимисти и посочија дека не станува ништо сериозно, а дека тоа е токму така говори најновата изјава на Јирген Клоп кој верува дека ќе го има брозногиот напаѓач за реваншот со Сити во ЛШ.

-Не размислувавме да настапиме со него, зошто тоа би го нанправиле? Ги немам последните информации за него. Немам „тикер“ кој ме ажурира. Сите ми кажуваат дека ќе биде добро, но ќе видиме, -рече Клоп по ремито на „Гудисон Парк“.

 

Извор: Derbi.mk

поврзани објави

     

Последни објави