18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Лоши вести за туристите: Грција воведе нов данок- скокнаа цените за сместување во омилените туристички места на Македонците

Од половина евро до четири евра, во зависност од видот на сместувањето, ќе бидат повисоки цените во Грција во изнајмените апартмани и хотелите, поради новиот данок на престој што стапи во сила на почетокот на годинава.

Претседателот на грчката федерација на хотелиери и претседател на Сојуз на хотелиери од Халкидики, Григорис Тасиос, за МИА објаснува дека оваа туристичка такса се однесува на соба, а не по лице и затоа се вика данок на престој, а не данок на ноќевање.

– Данокот на престој е на товар на туристите  со нивното пристигнување. Се однесува и на хотелите и на изнајмените апартмани и соби. Висината е во зависност од категоријата. Половина евро за изнајмените соби и апартмани и за хотелите од 1 и 2 ѕвезди, 1.5 евра на ден во хотелите со 3 ѕвезди, 3 евра за 4 ѕвезди и 4 евра во хотелите со 5 ѕвезди, објаснува Тасисос за МИА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, туристичката такса, односно данокот на престој, беше изгласан на 22 мај 2016 заедно со други мерки  во висина од 1.8 милијарди евра кои беа дел од обврските на Атина кон кредиторите, а одлуката беше да стапи во сила на 1 јануари 2018.

Извор: МИА

поврзани објави

     

Последни објави