25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Бројките говорат: Пеп, сепак, не е чудотворец

Не постои најдобар тренер на денешницата

Не е само Јурген Клоп крив што Гвардиола има проблеми со Лига на шампиони. Претходно му беа “криви“ Жозе Мурињо, Роберто Ди Матео, Карло Анчелоти, Луис Енрике, Диего Симеоне. Тие ги исфрлија клубовите на Гвардиола од Лига на шампиони во досегашниот дел од кариерата, а Клоп е на добар пат да го додаде своето име на горе споменатите.

Многу шпанци денеска сметаат дека тој е чудотворец, со поблаги зборови речено најдобар тренер на денешницата. Постојат и такви кои ќе отидат подалеку па ќе кажат дека тој е најдобриот тренер на сите времиња.
Успесите на Гвардиола

Да не паметуваме многу, ќе се држиме до бројки. Тука доаѓаме до успехот или неуспехот кој го остварил Пеп Гвардиола. Прво ќе ги наброиме трофеите кои се важни, а кои тој ги освоил, а потоа ќе ги споменеме и потешките околности кои му претходиле на тоа.

На сето ова ќе додадеме веројатно дека оваа сезона ќе ја освои и Премиер лигата со Манчестер Сити. Значи, титули од Лига на шампиони (Барселона 2 пати), три пати првак на Шпанија (Барселона 3 пати) два пати Купот на кралевите (Барселона 2 пати), три пати Бундеслига (Баерн 3 пати) Два ДФБ (Баерн) три светски клупски првенства со Барселона, три УЕФА Суперкупа со Барселона и Баерн, англиски Лига куп со Манчестер Сити. На сето ова можеме да додадеме дека сјајно му иде во националните првенства, но дека има проблем во Лига на шампиони. Во досегашниот дел од кариерата Пеп вкупно осум пати водел клубови во Лига на шампиони, ова му е 9-ти. Освои две титули од две единствени финалиња во кој играл. Од претходните шест пати пет пати испаднал во полуфиналето и еднаш во осмина-финалето. На сето ова ќе додадеме дека се големи шансите и оваа сезона да испадне пред време, поточно во четврт-финалето, па тоа би требало да значи дека девет пати играл во Лига на шампиони и два пати стигнал до финалето и го подигнал трофејот. Освен тоа, својот клуб не успеал да го однесе во Лига на шампиони шест пати, а веројатни нема ниту седми пат по ред.

https://www.youtube.com/watch?v=FFtnUq9h5OQ

Прочитајте го целиот напис ОВДЕ

поврзани објави

     

Последни објави