19.8 C
Skopje
Friday, April 25, 2025

Руски војници летаат редовно кон Сирија, за да му помогнат на Асад

130 луѓе во полно вооружена опрема се подготвени да се вклучат во заштита на сирискиот лидер Башар Асад. Тие беа забележани од новинар од “Ројтерс“ на аеродромот во Ростов во Јужна Русија.

Кога новинарите ги прашаа каде патуваат, тие одговорија, дека потпишале договор, кој не им дозволува да кажат. Според информацијата на новинарската агенција, војниците се качиле на “Airbus A320“, кој долетал од Дамаск и во него имало повеќе од 30 луѓе. Сите тие ќе му оддадат воена помош на Башар Асад во неговата војна против бунтовниците, тврдат од Ројтерс.

Официјално, од 2015 година, до сега во воени дејствија во Сирија загинале 44 руски војници.

поврзани објави

     

Последни објави