Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ не одамна го напушти Манчестер Јунајтед и одлучи кариерата да ја продолжи во САД во дресот на Ла Галакси.
Дербито на Ибрахимовиќ за Галакси не можеше да пројде подобро бидејќи со својот гол донесе голем пресврт на својата нова екипа во градското дерби против Лос Анџелес. Швеѓанецот за кратко време стана миленик на навивачите на Галакси и јасно е дека ужива моментално во Лос Анџелес.
Искусниот фудбалер го користи своето слободно време да следи и други спортови, а пред неколку денови беше на кошаркарскиот натпревар каде што имаше прилика да го запознае легендарниот кошаркар Шекил О’Нил. Секако, Ибра на оваа средба ја овековечи со фотографија на Инстаграм.
Кога XL ќе го запознае XXXL, напиша Ибрахимовиќ во описот на фотографијата.