8.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Германските весници анализираат: „Трамп нема стратегија во Сирија“

Наводниот напад со нервен гас во местото Дума и настаните во Сирија се тема во германскиот печат. Претставници на Меѓународната организација за забрана на хемиско оружје испитуваат, САД се закануваат со нова интервенција, пренесува Дојче веле.

САД и Запад ја обвинуваат сириската влада за извршен напад со нервен гас на 7. април во Дума, при што се убиени најмалку 70 луѓе, претежно деца и жени. Обвинувањата ги базираат врз тврдењата на т.н. Бели шлемови, група која себе си се нарекува Сириска цивилна заштита и досега воглавно беше финансирана од британското Министерство за надворешни работи. Претседателот на САД Доналд Трамп по тој повод на Твитер напиша дека рускиот претседател Владимир Путин, Русија и Иран се одговорни за поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кого го нарече „животно“. Трамп најави остра реакција на САД, а сириските трупи напуштија повеќе упоришта, очекувајќи воздушни напади. Свиканата итна седница на Советот за безбедност на ОН за темата помина во атмосфера на кавга меѓу САД и Русија, но без усвојување било каква резолуција, ниту пак договор за решавање на ситуацијата.

Факт е дека уште не е разјаснето дали воопшто имало напад со нервен гас. Организацијата за забрана на хемиско оружје, ОПЦВ, задолжена да го истражи случајот, вчера издаде соопштение во кое пишува: „Генералниот директор на ОПЦВ, амбасадорот Ахмет Узумчи, изрази длабока загриженост поради наводниот напад со боев отров од 7. април во Дума, Сирија…Мисијата за утврдување на фактите моментно собира информации од сите расположиви извори за да утврди дали е употребено хемиско оружје.“ Русија ги нарече лажни вести сите извештаи за напад со нервен гас, а сириската влада ги отфрли обвинувањата на своја адреса. Еве што за ова пишуваат германските весници:

„Ни Вашингтон ниту Москва не би требало да гледаат свој интерес во натамошна ескалација“, пишува весникот Келнише Руншау: „Затоа, острите тонови кои сега се слушаат значат првенствено едно: ѕвечкање со оружје. Запад сигнализира дека нема да ја толерира секоја повреда на меѓународното право на секој диктатор; Москва сигнализира дека ќе го поддржи Асад по секоја цена, а Ерусалим – дека во никој случај нема да трпи дополнително ширење на иранското влијание во Сирија. Последната точпка е всушност таа опасната. Техеран претставува латентна опасност за Израел, ако заканата стане конкретна, бурето барут ќе експлодира.“

Прочитајте го целиот напис на Дојче Веле

поврзани објави

Последни објави