Ѕвездата на Аргентина и Барселона, Лионел Меси во двомечот со Рома не покажа ништо, посебно на вчерашниот меч кога во текот на сите 90 минути беше фрустиран и индиспониран.
Сепак Меси го посочил својот соиграч Самуел Умтити како најголем виновник за вчерашниот убедлив пораз. Како што пишуваат многу шпански весници, Меси бил незадоволен од залагањето на Умтити, и го обвинил дека мислите никако не му биле на мечот во Рим, туку во неговиот трансфер. Французинот во последно време е поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, и се чини дека е се поблиску до потпис со англискиот великан.
Меси исто така не бил задоволен и од одиграното на Жорди Алба, и според него тој не ги исполнил поголемиот дел од договорените тактички работи.
Дали Меси е во право или само бега од одговорноста? Факт е само дека Меси во Рим беше невидлив, а и целата екипа околу изгледаше индиспонирана.
Кој е вистинскиот виновник според Вас?

