Поранешниот премиер на РМ и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по одложувањето на денешното рочиште даде изјава за медиумите во која обвини дека сето ова што се прави е само за да затскрие процесот за промена на име.
„Денеска на медиумите прва вест е судењето за Титаник, а дури по неа е веста за преговорите за името. Додека денеска течеше судското рочиште во Охрид се одржуваат преговори за името, а на претходното рочиште за случајот Титаник во исто време се одржуваа преговори за името во Виена. Па, сега вие заклучете што е намерата – рече Груевски.

