12.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Зидан: Не видов што се случи, ми беше пренесено дека имало пенал

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан изјави дека неговиот тим сосема заслужено се изборил за пласман помеѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Французинот сепак истакна дека не видел што се случило во 93 минутиа, но вели дека му било пренесено дека сепак имало пенал.

„Васкез, Асенсио и подоцна Ковачиќ но донесоа смирена игра. Не видов дали беше пенал или не, но ми беше кажано дека е чист пенал. Среќен сум, поминавме сосема заслужено после 180 минути. Имавме голем број на шанс, но беше тешко што не успеавме да дадеме гол. Лесно доаѓавме до шанси, но на крај се мачевме“, изјави Зидан.

поврзани објави

Последни објави