Супер агентот, Пини Захави кој неодамна под своја „закрила“ го зема полскиот голгетер Роберт Левандовски даде интересна изјава поврзана со трите најголеми ѕвезди во светот на фудбалот Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар.
Од оваа сезона Нејмар е дел од ПСЖ и тоа откако на сметката на Барселона легнаа 222 милиони евра во трансфер во кој своја улога имаше и Захави. Во минатиов период пак имаше доста шпекулации дека Неј може да направи трансфер во Реал Мадрид, но според Захави сегашната ситуација е најдобра за фудбалот, поточни трите највлијателни ѕвезди се во различни клубови и никој не е во сенка на другиот.
-Нејмар го направи тоа што мораше. Има само три фудбалски суперѕвезди Меис, Кристијано и Нејмар. Тие не може да играат во ист клуб. Во Барселона, Нејмар беше број два. Беше втор изведувач на слободни удари, пенали, беше втор во се. Дојде во Шпанија како младо момче, сега порасна. Има 26 години и има осум-девет години на топ ниво. Потребна му е независност, -рече Захави и додаде:
-Пред Нејмар да дојде во ПСЖ само луѓето во Франција гледаа Лига 1. Нејмар тоа го промени, -истакна Пини.
Извор: Дерби.мк