Џанлуиџи Буфон жестоко го нападна Мајкл Оливер откако досуди пенал за Реал Мадрид во последните секунди од натпреварот за полуфинале од Лига на шампиони.
Резултатот пред натпреварот беше 3-0 за Реал Мадрид, додека во вториот натпревар Јувентус имаше чудесни 3-0, но се падна во вода баш кога помислија дека ќе стигнат до продолжение.
После ова се огласи Оливер Кан кој го критикуваше Буфон.
Не е лесно кога треба да се разбере дека е дојдено вистинското време за пензионирање, рече Кан, па додаде:
– Да се пензионираше порано, тој би го избегнал разочарувањето од натпревари против Шведска или Реал Мадрид. Секако тој сакаше да оди понатаму и да пронаѓа нови мети. Неговиот сон беше да ја освои Лига на шампиони.
Јас можев да играм уште неколку години, но зошто би го правел тоа? Ако не можете да разберете кога е вистинско време за крај тоа може многу да боли. Да бев како Буфон ќе се пензионирав на крајот на сезоната. Тој е светски шампион, беше најдобар голман на светот. Тоа е она што е битно. Црвениот картон и фактот дека не ја освои ЛШ не се битни“, заклучи Кан.