Претседателот на САД, после неколкудневното калуклирање, утринава донесе одлука за воен напад на Сирија како одмазда за хемискиот напад во Дума за кој што западните сили тврдат дека е изведен од страна на сириската армија.
„Предмалку наредив американската армија да започне со прецизни напади на мети поврзани со хемиските капацитети со кои што располага сирискиот диктатор Башар Ал Асад“, изјави американскиот претседател Башар Ал Асад во обраќањето од Белата куќа кое што го пренесуваа американските медиуми.
Американскиот претседател порача дека воената операција ќе биде изведена од силите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција.
Непосредно после обраќањето на Доналд Трамп, пристигна информација и од Лондон од каде што беше соопштено дека британската премиерка Тереза Меј ги овластила британските вооружени сили да извршат „координирани напади против хемиските капацитети на режимот на Башар Ал Асад“.
Само неколку минути после обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп од Белата куќа во Вашингтон и соопштението од официјален Лондон, британската новинска агенција „Ројтерс“ пренесе дека се слушнале првите експлозии во близина на Дамаск.