14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Дванаесет вработени во „Епл“ уапсени за истекување информации

Американскиот информатички гигант „Епл“ открил дека 29 негови вработени минатата година до медиумите доставиле тајни информации за развој на производи на компанијата.

Како што објави „Енгаџет“, повикувајќи се на информација од интерен блог на „Епл“, 12 од нив веќе се уапсени.

– Оние кои пренесуваат тајни информации од „Епл“ не ги губат своите работни места. Во некои случаи тие се апсат и казнуваат за упад во мрежата и кражба на деловни тајни, што се смета како федерално кривично дело, се наведува на блогот на компанијата.

Компанијката во обраќањето до вработените нагласува дека „успехот на овие аутсајдери (новинарите) се мери со добивањето информации за тајните на „Епл“ и нивно објавување“,

„Епл“ при тоа порачува дека нејзин вработен ризикува да „загуби се“, доколку објавува деловни тајни.

Ова не е прв пат компанијата од Купертино да се обидува да спречи протекување информации. На брифинг минатата година, „Епл“ објави дека во 2016 година повеќе инфомации „протекуваат“ од седиштетот на компанијата, отколку од нејзините синџири за снабдување.

„Епл“ претходно отпушти од работа еден инженер, кој го новиот „Ајфон Х“ и го покажал на неговата ќерка.

поврзани објави

Последни објави