Според шпанските медиуми, кои наведуваат дека имаат извор од блиски луѓе до португалецот, Кристијано Роналдо веќе има понуди односно комуницира со два англиски клубови, меѓу кои не е Манчестер Јунајтед.
Според тамошните медиуми, неговите блиски потврдиле дека португалецот веќе разговара за евентуален трансфер во Премиерлигата. Па така, веднаш почнаа шпекулациите за тоа каде би можел да заврши португалецот.
Според шпанскиот магазин веројатно станува збор за тимот на Роман Абрамовиќ – Челси, кој ова лето ќе мора да направи темелна реконструкција почнувајќи од својот тренер, доколку сакаат повторно да се натпреваруваат во Лига на шампиони, но и да се вратат на шампионските патеки.
Другиот клуб кој најверојатно ќе испрати понуда до португалецот е тимот на Пеп Гвардиола, кој по поразот во ЛШ сериозно размислува да купување на нов фудбалер кој би можел да донесе дополнителна мотивација и успех на клубот.