fbpx
6.8 C
Skopje

Предавство или глума: Ѓорѓиев не гласал за себе и за својот лидер Стојанче Ангелов?!

АКТУЕЛНО

Еден од кандидатите за пратеник од Коалицијата „ВМРО за Македонија“, Благојчо Ѓорѓиев на својот официјален Фејсбук профил откри дека не гласал за никого, затоа како што вели самиот тој, знаел дека ова ќе бидат најкриминалните избори до сега.

Ѓорѓиев се најде на високата 4-та позиција во ИЕ 3, каде пак носител беше неговиот лидер од партијата на Достоинство, Стојанче Ангелов, кој не успеа да влезе во собранието како пратеник.

Со ова се поставува прашањето дали самиот Ѓорѓиев најавува дека и покрај партиската определба, се одлучил да го предаде својот лидер и воопшто да не му даде поддршка на парламентарните избори кои се одржаа на 11 декември минатата година.

Во продолжение од дискусијата, има лавина од коментари, каде огромен број на членови од Коалицијата „ВМРО за Македонија“ го осудуваат ваквиот потег на Ѓорѓиев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -