Монако во 33. коло од француската прва Лигагостуваше кај ПСЖ и доживеа вистинска катастрофа, бидејќи домаќините славеа со 7-1.
Парижаните со оваа победа на само пет кола до крајот на првенството го осигураа своето прво место во Лигата, а Монако доживеа еден од потешките свои порази, па мораше да реагира и управата на клубот, која одлучи на навивачите на им ги плати трошоците за патот во Париз.
– Единствени кои беа на ниво на својата задача на натпреварот беа навивачите. И покрај катастрофалниот резултат, се обидуваа да ги кренат нашите момци. Ветуваме дека после ваков срам, во идните натпревари ќе направиме се за да бидат горди на нас“, рече претседателот на Монако Вадим Василев.
Тешко дека покривањето на трошоците ќе биде некаква утеха за навивачите на Монако, клуб кој сега има 70 бодови и ќе проба да го задржи второто место како би изборил директен пласман во лига на шампиони.