Холанѓанецот Кларенс Сидорф е еден од светските фудбалски имиња кои секогаш кога ќе бидат споменети предизвикуваат бура од реакции во фудбалскиот свет, тој играше во едено од најголемите европски гиганти како Ајакс, Милан, Интер и Реал Мадрид, а по завршувањето на својата кариера како фудбалер има нови предизвици, како тренер, во кои земајќи го предвид неговото искуство како фудбалер, претпоставуваме дека ќе се докаже.
Имено, тој е тренер на Депортиво Ла Коруња, а неговата мисија оваа сезона е да обезбеди опстанок на клубот во лигата. Добрата вест за некогашниот шпански шампион е што ја крева формата, а доказ за тоа се двете победи во низа над Малага и Атлетик Билбао.
На натпреварот против против Билбао Сидорф ги остави воодушевени неговите играчи кои седеа на клупата за резерви, откако претходно успеа со магичен потег да ја смири топката и да докаже дека не го изгубил чувството за оваа прекрасна игра.
ПОГЛЕДНЕТЕ
El banquillo del Deportivo flipando con el control de Seedorf.
A las 22.00h, en #ElDíaDespués pic.twitter.com/wilFqW8wHJ— El Día Después en Movistar+ (@ElDiaDespues) April 16, 2018