Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган преку писмо ја изрази својата благодарност до бугарскиот премиер Бојко Борисов за Самитот ЕУ-Турција што се одржа во Варна на 26 март, објави прес-центарот на бугарската Влада.
Во писмото до премиерот Борисов, Ердоган ја определи средбата како “важна фаза во заедничките напори за надминување на тешките и немирни периоди во односите меѓу Турција и ЕУ “.
“Активната позиција и одговорното лидерство што ги покажавте во рамките на Вашето Претседателство, се достојни за почит “, пишува Ердоган.
Турскиот претседател се надева дека позитивните процеси во билатералните односи, и во блиска иднина
соработката на регионално и меѓународно ниво ќе продолжат да се продлабочуваат.