18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Ердоган со писмо му се заблагодари на Борисов

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган преку писмо ја изрази својата благодарност до бугарскиот премиер Бојко Борисов за Самитот ЕУ-Турција што се одржа во Варна на 26 март, објави прес-центарот на бугарската Влада.
Во писмото до премиерот Борисов, Ердоган ја определи средбата како “важна фаза во заедничките напори за надминување на тешките и немирни периоди во односите меѓу Турција и ЕУ “.
“Активната позиција и одговорното лидерство што ги покажавте во рамките на Вашето  Претседателство, се достојни за почит “, пишува Ердоган.
Турскиот претседател се надева дека позитивните процеси во билатералните односи, и во блиска иднина
соработката на регионално и меѓународно ниво ќе продолжат да се продлабочуваат.

поврзани објави

Последни објави