14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

ГДУ: Задоволни сме од позитивната препорака на ЕК, но сметаме дека реформите треба да продолжат поинтензивно

Граѓанско демократска унија (ГДУ)
Го изразуваме задоволството од позитивната препорака добиена од Европската Комисија (ЕК) и веруваме дека тој ке биде мотив за сите оние кои се посветени на реформите и демократизацијата на Република Македонија, без оглед каде се наоѓаат на политичкиот спектар.
Уверени сме дека значаен придонес во овој процес имаше и Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија преку кој и земјава и регионот во целина се вратија на дневен ред во Европската Комисија (ЕК) покажувајки дека постои политичка волја за соработка и унапредување на одностите на земјите од регионов.
Се надеваме дека Владата ке покаже капацитет да му се спротивстави на “триумфализмот” и ке почне да испорачува резултати во основните и најчуствителните области врзани со темелните реформи кои се однесуваат на владеењето на правото, судската власт, јавната администрација и разузнавачката заедница.
Во оваа прилика, добронамерно му сугерираме на актуелниот премиер, најавената владина реконструкција да ја искористи во насока на зајакнување на персоналниот состав на владиниот кабинет со лица кои не се компромитирале себе си и кои имаа видна улога во минатото што и резултираше денеска Македонија да чувствува задоволство дека добива нешто што еднаш веке го доби.
Енергичен и видлив прогрес на реформите е можност земјава делумно да ги неутрализира оние прашања кои не зависат само од нас, пред се на разговорите со Грција, со што им овозможуваме на земјите-пријатели во рамките на Европската Унија (ЕУ) повеке простор за поддршка која веруваме сите искрено ја очекуваме на почетокот на летово.

поврзани објави

Последни објави