23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Кои фудбалери се желба на Пеп Гвардиола?

Првакот на Англија Манчестер Сити ова лето ќе се обиде да донесе уште неколку врхунски имиња во своите редови.

Како што наведува Скај Спортс, менаџерот Пеп Гвардиола ќе добие повторно огромна сума на пари за нови засилувања, а двајца играчи се посебно интересни шпанци. Очекувано, Гвардиола би сакал да го види на Етихад својот миленик Тиаго Алкантара. Тој ќе се обиде да го донесе ова лето, а наводно ни играчот нема ништо против трансфер во Премиер лигата

Сепак, многу поголема прашина би кренал трансферот на Килијан Мбаппе. Сити бара начин да го донесе во нивниот клуб, па така тој ќе биде примарна мета на клубот во преодниот трансфер рок.

Исто така, дресот на новиот шампион во наредната сезона би можел да го носи и крилниот играч на Кристал Палас Вилфрид Заха, но тој е опција доколку не успеат да го купат Мбаппе.

поврзани објави

Последни објави