23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Ѓорчев: Георгиевски има историско место во ВМРО-ДПМНЕ, со него имаме коректни односи и взаемна почит

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која има отворена врата. Георгиевски има свое место во историјата на Македонија како поранешен премиер, како и важно место во историјата на ВМРО-ДПМНЕ како нејзин долгогодишен претседател. Љубчо Георгиевски е меѓу основачите на партијата и ја водеше 13 години во доста турбулентни времиња за Македонија. Со него имаме коректни односи и взаемна почит.

Истовремено, ВМРО е долга епопеја, многувековна приказна, која продолжува и не запира. И во историјата, и во денешно време ВМРО го следат обединувања и раситнувања, помирувања и разлики, средби и разделби. Во секоја варијанта,историското ВМРО и денешното ВМРО-ДПМНЕ е централното место каде што се собираат македонските политички сили и македонските идеи. Македонската борба продолжува, а Македонците се борат за своите правдини.  Затоа, добродојден е секој човек и секој поединец кој сака да помогне и да придонесе“, вели Влатко Ѓорчев во интервју за Поглед.мк.

поврзани објави

Последни објави