Супер!!! Препораката стигна, а сеа што ќе правиме??? Јас ќе ви кажам. Ќе пуштаме духовити шеги за тоа како непотизмот во нашата мала земја си цвета. Како тато и мама ги вработуваат своите најмили. Ќе сочувствуваме со земјоделците кои ја фрлаат својата продукција оти откупните цени се смешни. Ќе ги пцуеме Бугарите. Нема ништо поубаво од тоа сопствените проблеми да ги облечеш во омраза и неостварлив сексуален мерак. Ќе го чекаме Путин да ни го спаси името и да ги избрка Шиптарите. Ќе го чекаме Годо. Ќе ја чекаме и таа убавицата што сеа прае парампарче во „Парампарче“, да ни дојде на гости, како што навремето ни дојде Касандра. Ќе јадеме ла*на на фб преку фалш профили и ќе фрламе клетви до девето колено. Ќе тонеме во ѓубре и духовно и материјално, ама нема да се промениме ни за нијанса. Ќе уживаме додека и едни и други ни се „редат“ како на евтин gang bang снимен со скап телефон. Ќе се делиме на фили, мани и овци. Ќе…
Да знаете дека и син му на Грчев го „препорачаа“ за во ЕЛЕМ… и него и ќерка му на командант Форина. Ги „препорачаа“ и ги примија на „топличко“ во златната кокошка ЕЛЕМ. Без преговори, онака директно, пошо ги бидува децата. Ние нормалните без педигре го чекаме почетокот на преговорите со ЕУ и се надеваме дека барем нешто европско ќе се воведе и кај нас. Додека тоа се случи, ќе гледаме како додека државата се ретчи, ако не друго барем расте бројот на патарините.
Автор: Атанас Величков- Батко Тане
Извор: Трибуна.мк