„Граѓанско демократската унија го поздравува напредокот нотиран во Извештајот на Европската Комисија за подобрување на климата во медиумите и основните човекови права.
Во медиумската сфера мора да има трајни и кредибилни реформи. Медиумите мора да бидат ослободени од политичко влијание и да биде охрабрено истражувачкото новинарство. Медиумите не смее да дејствуваат како гласноговорници на центрите за комуникација на политичките партии во земјава. Неопходна е департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис и регулаторното тело – Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Апелираме до парламентарните политички партии да го почитуваат она што го потпишаа пред две години во Пржино и да ги следат препораките од Прибе. Исто така гласот на медиумиските претставници е многу важен во целиот процес и нивните забелешки мора да бидат земени в предвид. Само со отворен дијалог и вклученост на сите заинтересирани страни може да се подобрат работите.
ГДУ се залага и за строги сакнции за оние кои ќе се осмелат физички или вербално да нападнат новинар, ваквите случаи не смее никој да се обидува да ги заташка и не смее да заглавуваат во судските лавиринти. Во иста насока е и Извештајот на ЕК дека кога станува збор за напад или закани упатени кон новинари мора да има нулта толеранција.
Европската комисија потсетува дека се неопходни и реформи за заштита на човековите права. ГДУ бара поголема инклузија на помалите етнички заедници во општеството бидејќи секојдневно сме сведоци на една политика која води кон би-националност. Ние се залагаме за вистинско мултикултурно општество. Потребна е сериозна политичка волја за вистинска малцинска политика. Ајде да видиме дека ова навистина може да биде „Едно општетсво за сите“, а не само за Македонците и Албанците“, се вели во соопштението на Граѓанско демократската унија (ГДУ).