Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Блажо Боев и директорот на Царинска управа на Македонија, Ѓоко Танаскоски денеска потпишаа меморандум за соработка, во делот на праксата за студентите и научно-истражувачката работа.
– Со овој меморандум ќе овозможиме на студентите да имаат практична настава во Царинската управа и секако она што е и за нас сметаме дека ќе биде добивка, а тоа е научно–итсражувачка дејност во рамки на царинското и акцизното законодавство, вели Танаскоски.
Ректорот на УГД-Штип, Боев истакна дека оваа е одлична прилика за студентите, на кои им е потребна практична настава.
– Се надевам дека оваа соработка ќе има успех во иднината која доаѓа и мислам дека студентите од неа ќе имаат добри резултати во нивната практична оспособеност, за да можат утре, како готови кадри активно да се вклучат во работењето на јавните органи на државата, вели Боев.
Директорот на Цраинската управа,. Танскоски одржа и предавање и ги започна студентите на Економскиот факултет во Штип со работата и ингеренциите на ова институција.