Навивач на Звезда се присети на 13. мај 1990: Јас ја започнав војната на Максимир!
Исповед на Симе Зулуа
Во белградските навивачките кругови, посебно меѓу навивачите на Црвена ѕвезда Сима Зула е познат како некогашен водач на подгрупата Зулу Вориорс.
80-те години од минатиот век, неговата генерација беше постојано на стадионите ширум бивша Југославија.
Сима Зула познат како еден од главните актери на случувањата на кобнио 13. мај 1990. на Максимир кога во општ метеж Звонимир Бобан удари полицаец. Тој ден и меч претставуваше злокобна најава на една “војна“. Национализмот кој презема доминација тогаш беше демонстриран на спортскиот терен.
Во интервју за „Неделник“ Сима ја отвори душата и раскажа многу случувања од тој ден.
“Јас на стадион почнав да одам од мои 15 години во 1984 година, а три години подоцна ја основавме Зулу Вориорс по угледот на навивачите на Бирминген.
Го преживеав Максимир 1990. Тоа беше пекол. За мене велат дека ја почнав војната на трибините на тој натпревар. Бевме горе по што ја испразнивме целата нивна трибина. Нивните навивачи не полеваа со пиво, се однесуваа арогантно, маваа со камења, палки, но и почнаа да “моч**т“ по нас… “
Тоа беше се наместено на политичко ниво. Ако тогаш немаше Срби во хрватската полиција во Загреб не знам што би се случило со нас. Не имаше 2.000 луѓе во кафезот, во тој случај тие навистина би не убиле. По мое мислење, тоа се беше подготвено, а ние дојдовме како кец на десетка.“
“Во тоа време имаше приказни дека ноќта пред натпреварот ја полиле оградата со киселина само за наредниот ден да турнат и таа да падне. Од нивните трибини летаа бетонски плочи. Дали на Маракана може да се најде бетонска плоча и со неа да се гаѓа? Кога Bad Blue Boys тргнаа кон нас, полицијата застана и ги спречи“, раскажа Сима Зула.