3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Богојески: Новото раководство растеретено од багажот на минатото ќе промовира силна алтернатива за промени во земјата

ВМРО ДПМНЕ со поддршка за евроатланскиот пат на Република Македонија

Петар Богојески, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Светот е бизнис 17.04.2018

По падот на Никола Груевски од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, започнува еден нов период поврзан со нормална дискусија внатре во партијата, да се слушнеме и да разговараме со аргументи.

Со изборот на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и новиот претседател г-н Мицковски, се создаде пространство за интеграцијата на идеи и на луѓето во неа, кои сакаа да се демократизираме, реформираме и модернизираме. ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во период кој бара исклучително посветено работење. Сега ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и освен, што од една страна сме притиснати од нашето блиско минато, од друга страна сме под притисок и од владата на СДСМ. Сега сме пред еден многу важен момент во кој што ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави новиот статут на нашата партија. Со него воведуваме европски практики, вели Богојески.
Богојески се надева дека со влегувањето на новиот документ може да започне нов демократски период во ВМРО-ДПМНЕ.

Целото гостување на Петар Богојески можете да го следите – ОВДЕ 

поврзани објави

Последни објави