Спрема пишувањата на британски express.co.uk на повидок се два трансфери кои ќе го променат фудбалот од темел! Манчестер Јунајтед е подготвен да плати нестварни 350 милиони фунти за Нејмар, а Парижаните тие пари би ги пак пратиле во кралскиот клуб за Кристијано Роналдо!
Бразилецот не беше на прославата на титулата на шампионот во Франција односно попрво со задоволство играше покер во Бразил, нешто што многу му засмета на раководството на ПСЖ. Како што се пишува Мурињо би сакал да го види Нејмар во Англија како водач на неговио тим а за тоа е подготвен да ги сруши сите рекорди за да Бразилецот пристигне на Олд Трафорд.
Доколку дојде до трансфер реалција Париз – Манчестер, ПСЖ е спремен да ги понуди сите пари на кралскиот клуб за Кристијано Роналдо. Не е тајна дека Португалецот имаше проблеми со шпанскиот закон, како и тоа дека не сака нов предизвик во кариерата, а Перез не е подготвен да му ја покачи платата. ПСЖ може да му понуди добра плата и нов предизвик. Доколку дојде до овие трансфери фудбалот веќе не би бил дефинитивно ист како порано…