„Знам дека процесот на интеграција во ЕУ е исполнет со многу процедури, постапки и услови што треба да се исполнат, но на крај се сведува на трансформација на општетството и на стандардите кои вашите граѓани сакаат да ги видат “, вели Федерика Могерини – висока представничка за надворешна политика на унијата
Могерини кажа дека договорот со Бугарија решил еден соседски проблем, и порача дека сега за Македонија е време да се трча заедно со унијата, заедно со соседите за побрзо да се стигне до целта, полноправното членство.
„Уверена сум дека разговорите со Грција ќе доведат до решение кое ќе ги задоволи двете страни и уверена сум дека ова ќе прерасне во идна обединетост на европскиот континент “, вели Федерика Могерини – висока представничка за надворешна политика на унијата.
Шефицата на европската дипломатија говореше пред неполна сала, а иако поканети во Собраниската сала не беа присутни Иванов и Црвеновски, но и екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети.