fbpx
-6.2 C
Skopje

После пијани ноќи, дроги и лесни жени дојде време за враќање на теренот

АКТУЕЛНО

Огромна сума на пари која ја заработуваат професионалните спортисти ширум светот често се трошат на лоши работи и голем број од нив на крајот завршуваат без ништо.

Вистински пример за лутање без цел после завршувањето на кариерата е НБА кошаркарот Ламар Одом.

Играчот на НБА шампионот се оддаде на алкохол и конзумирање на тешки дроги, што на крајот за малку ќе го чинеше живот.

Во октомври 2015. година Одом падна во кома откако се предозираше во друштво на лесни жени и проститутки но за среќа успеа да се извлече од сите проблеми.

Три години подоцна 38. годишниот играч сака да започне од почеток. Тој планира да и се врати на кошарката и да заигра во Европа.

– Работам напорно на мое враќање. Сакам повторно да играм кошарка, не е важно каде, но желба постои. Едвај чекам да се докажам и да покажам дека прерано ме отпишаа од оваа игра“, рече Одом.

Наводно, Одом кариерата би можел да ја продолжи во Италија каде што има голем број на понуди.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -