25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Новинарите не веруваа дека Шешељ го газел хрватското знаме- еве што направи да ги увери

Откако српските новнари рекле дека не веруваат дека Шешељ ги навредувал хрватските делегати во српското Собрание тој се одлучил да одржи прес-конференција.

Лидерот на Српската радикална странка, Војислав Шешељ, ден после инцидентот со хрватското знаме во Собранието на Србија, им се обратил на новинарите и рекол дека и понатаму ќе „плука, гази и ќе пали знамиња на хрватската усташка држава”, но главна тема на прес-конференцијата била дали тоа навистина се случило, бидејќи никој од новинарите тоа не го видел.

„Е, ова е вистинска завера. Јас сакам судска постапка, а вие кажете дека не се случило. Не знам што да ви одговорам. Зошто би измислувал? Дали токму сите новинари не ми веруваа? Има ли некој што верува?”, прашал Шешешљ.

Бидејќи новинарите не одговориле, Шешељ заклучил дека тоа е новинарска завера против него и дека ќе мора повторно да го стори истото.

„Навистина е неверојатно што сите се сомневате дека тоа се случило, но се случи, а и да не се случило, ефектот е сосема солиден”, додал лидерот на радикалите. Тој навел дека собраниското обезбедување видело што се случува.

„Членови на делегацијата слушнаа кога ги пцуев хрватските делегати. Прво им го згазив хрватсото знаме и потоа упатив пцовки. А, вие што сакате да кажете, дека сѐ сме измислиле, а будалите наседнале? Па тоа би било извонредно да е така, но не измисливме”, рекол Шешељ.</p><p>Тој ги повикал новинарите да прашаат во Министерството за внатрешни работи да проверат дали имаат снимка од влезот на Собранието.

Lider.mk

поврзани објави

Последни објави