Швеѓанецот Тим Берглин попознат како ди џеј Авичи, почина денеска во Оман. Тој попладнево бил најден во местото Мускат, во државата Оман. Според неговиот публицист, не е позната причината за смртта.
28 годишниот ди џеј има освоено две MTV награди и двапати беше номиниран за Греми. Соработуваше со Дејвид Гета, Мадона и Лени Кравиц. Годинава е номиниран за музичката награда Билборд.