3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ривалството продолжува: Конте испрати провокација до својот претходник во Челси

Челси и Манчестер Јунајтед ќе играат во големото финале од ФА Купот и тој натпревар за двете екипи и нивните менаџери е можност да ја спасат очајната сезона.

Натпреварот е закажан за 19 мај на Вембли откако Јунајтед вчера го совлада Тотенхем, а Челси денеска славеше против Саутемптон. Антонио Конте по триумфот ја испрати првата провокација кон својот претходник во Челси, а сегашен менаџер на Јунајтед.

„Лани игравме во финалето против Арсенал и сите не сметаа за фаворити. Сега таа улога ќе ја има Јунајтед”, изјави Конте префрлајќи го притисокот кон противникот.

Многу веројатно финалето на Вембли ќе биде последен натпревар на италијанскиот стручњак на клупата на Челси.

поврзани објави

Последни објави