3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Држава во која Заев е и судија и обвинител не може да има правда- само монструм би можел да штити монструми кои масакрираа млади момчиња

Семејствата на монструозно егзекутираните момчиња кај Смилковско езеро мора да добијат правда. Момчињата беа жртви на брутална ликвидација, терористички акт на големиот празник Велики четврток. Виновниците не смее да останат неказнети. Сторителите мора да завршат во затвор. Зоран Заев ветуваше дека ја знае вистината за случајот. Вистината не смее да потклекне пред платформата потпишана во Тирана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Само монструм би можел да штити монструми кои масакрираа млади момчиња. Заев пред да седне во премиерската фотелја многупати се фалеше со доказите кои ги има за случајот „Монструм“. На семејствата на убиените им прикажуваше разговори и смс пораки во кои обвинетите комуницираат со високи функционери на ДУИ. Од друга страна на семејствата на обвинетите им велеше дека тие биле невини. Како тогаш Зоран Заев ја знаеше вистината, а сега не ја знае? Што се смени? Дали новата владина коалиција е причина за премолчување на деталите? Кого сега Зоран Заев штити? Најважно од се, кој е одговорен за масакрот и зошто убијците не се во затвор?, прашуваат од партијата и додаваат:

„Фотелјата на Заев не е поважна од правдата, како што ниту неговата коалиција е поважна од прерано згаснатите животи и разрешницата која ја заслужуваат семејствата на убиените. Кога Зоран Заев стана премиер тој заборави на „вистината“ и „правдата“ пароли кои го донесоа на власт. Единствено нешто кое сега му е важно е да остане на власт. Додека СДСМ и Заев раководат со државата правда нема да има“.

Заробена држава, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, не може да биде правна држава.

-Држава во која Заев е и судија и обвинител не може да има правда. Во нормална држава обвинителството по допрен глас ќе го принудеше да сведочи пред судот и да ги сподели сите докази кои тој ги има за случајот „Монструм“. Доколку Македонија беше нормална држава во затворите немаше да се наоѓаат политички затвореници. Правдата мора да се врати. Правдата и ќе се врати, кога Зоран Заев ќе замине од премиерската функција, а во тие моменти сите оние кои постапувале спротивно на Законот и Уставот ќе бидат првите сведоци на нејзиното враќање.

поврзани објави

Последни објави