4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Нападната франуцската амбасада во Атина

Грчката полиција уапси член на анархистичката група Рубикон, откако нејзини членови ја нападнале и фрлале со бои врз Француската амбасада и Францускиот конзулат во Атина.

Електронското издание на „Катимерини“ јави дека уапсените најверојатно се дел од вкупно 130 лица кои од време на време учествуваат во такви акции.

На анархистичка интернет страница групата објави дека нападот бил израз на незадоволство поради француската интервенција во Сирија, како и солидарност со работниците кои штрајкуваат низ целата земја.

поврзани објави

Последни објави