Веројатно сте слушнале за куркумата – зачин кој е дел од многу индиски јадења. Сепак, можеби не знаете дека куркумата е еден од најздравите и најквалитетните зачини. Таа помага за намалување на воспаленијата, одличен антиоксидант е и помага во елиминација на слободните радикали кои прават огромна штета во нашето тело.
Освен тоа, куркумата е и зачин кој помага против стареењето, делува како неурозаштитен агент, природен третман за артритис и е одлична во терапијата против рак. Но, еден од најмоќните ефекти кои ги има таа е намалување на сиптомите на стрес, анксиозност и депресија.
Како да подготвите лимонада од куркума?
Потребни состојки:
5 чаши вода
4 лажици куркума
3 лажици мед
2 лажици ѓумбир
½ чаша лимонов сок
Можете да додадете и ½ чаша сок од портокал, за подобар вкус.
Начин на подготовка:
1) Ставете ја водата на оган за да зоврие.
2) Во тегла ставете ги куркумата и ѓумбирот.
3) Додадете ја провриената вода во теглата. Дозволете да отстои околу 10 минути.
4) Додадете го медот и убаво промешајте.
5) На крајот ставете го и лимоновиот сок и конзумирајте.