Роналдо го посети америчкиот тим
Ла Галакси повторно се најде во центарот на вниманието откако овој клуб пред неколку недели го засили Златан Ибрахимовиќ.
Ла Галакси на фудбалската мапа пред десет години го стави Дејвид Бекам а неговите сопственици не одамна одлучија да тргнат и по Златан Ибрахимовиќ.
По доаѓањето на Ибра новинарите и камерманите не излегуваа од соблекувалната на оваа екипа.
Играчите на Ла Галакси денес имаа посебна посета која сигурно највеќе го воодушеви токму швеѓанинот Златан Ибрахимовиќ. Тој повторно имаше прилика да го сретне својот идол од детството Роналдо кој денеска беше гостин на овој амерички клуб. Легендарниот Роналдо ги израдува сите играчи на американкиот тим, а на видеото се гледа дека посебно изненаден бил босанскиот репрезентативец Багио Хушидиќ.
Во текот на разговорот со Ибрахимовиќ и тренерот на Галакси Роналдо се нашали и порача да го пуштат малку да тренира, за да биде спремен да се подготви на теренот за play-off. Ех, да барем можеме еднаш да го видиме стариот Роналдо во акција.