fbpx
1.8 C
Skopje

Еди Рама – уметник и контроверзен политичар кој ја води Албанија

АКТУЕЛНО

Албанскиот премиер Еди Рама е сликар кој влезе во политика со цврста про-западна ориентација со желба неговата земја еден ден да биде членка на Европската унија (ЕУ).

Победата на одржаните избори во Албанија му даде на Рама можност да ја оствари таа своја амбиција.

– Албанија е наша татковина а Европа е наша иднина, рече Рама кога дојде на власт во јули 2013. година.

Рама рече дека Албанија е земја со тешко минато, “најтешко од сите комунистички земји, но секој ден ден се менува и модернизира со цел да се да се надокнади заостанатото време и да стане држава достојна на големите европски семејства.

Бившиот студент на факултетот за Ликовни уметности во Париз, чии платна ја красат неговата канцеларија, Рама, тргна во политички поход непосредно пред падот на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа на крајот на 80-те години.

Рама имаше една амбиција, а тоа е да ја модернизира земјата со 2,9 милиони граѓани, а и да ја направи привлечна на европскиот континент. Албанија е кандидат за членство во ЕУ од 2014 година.

Тој често знае да повтори дека ЕУ е првенствено проект на мир и просперитет кој се гради со заеднички сили. Покрај визијата на Европа како фактор на Балканот, Рама, за кој се вели дека е авторитетен политичар, во 2014. година е еден од првите албански премиери кој го посетил Белград после 70 години. Тогашниот спрски премиер Александар Вучиќ наредната година му ја возврати посетата.

Рама беше обвинуван дека се меша во внатрешни работи на Република Македонија и дека со таканаречаната “тиранска платформа“ била донесена под негово влијание, се вршело исполнување на барањата на албанските политички партии во Република Македонија. Нормално, тоа беше негирано и оспорувано од многу политички елити, а и од самиот Рама.

За тоа дали овој човек може да ја однесе Албанија во ЕУ, да донесе мир и просперитет како што вели во неговите изјави, останува да видиме.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -