-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Претседателот на Еразмус координатори во посета универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Денес во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, предавање и презентација одража проф. д-р Грегорис Макридес, кој е претседател на Европската асоцијација на Еразмус координатори и на Европската канцеларија за кариера.

Презентациајта беше на тема „EU Funding Opportunities and Networking: Project proposals and Managment“, а според Макридес преку овие фондови и проекти се отвора можноста за пристап на универзитетите во можностите за вмрежување и примена на одредени иновации кои ги промовираат овие организации.

„Средбата со ректорот е позитивна и тој сака да инвестира во вмрежувањето. Ние нудиме помош во тој поглед, како да се вмрежи УГД со други универзитети во Европа, и ќе помогнеме и во поглед на изготвување на програма за оформување на тим за соработка во поглед на европските фондови, како и за тренинг и обука на кадри од УГД“, изјави Макридес.

Деканката на Електротехничкиот факултет Татјана Пачемска изјави дека Макридес е еден од нивните партнери во проектот „Математичка дебата“.

„Нашиот гостин е дел од нашите партнери во проектот „Математичка дебата“ кој официјално стартуваше на 1 декември 2016 година, поддржан од Еразмус програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Нашата цел е пред колегите од УГД да говориме за подобро искористување на европските програми и фондови, не само од Еразмус, туку и од другите програми кои ги нуди Европската комисија, како што се Хоризонт 20 20 за истражување, програмата за културна размена, можностите за вмрежување меѓу универзитетите, со цел нашата меѓународна видливост како универзитет и како истражувачи да биде зголемена“, изјави Пачемска.

Професорот од Кипар, Макридес, денес имал и средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, при која што ректорот изкажал заинтересираност за можностите за остварувањ на соработка со други европски универзитети.

поврзани објави

Последни објави