fbpx
17.8 C
Skopje

Рајан Мејсон е надвор од животна опасност

АКТУЕЛНО

Фудбалерот на Хул Сити, Рајан Мејсон е надвор од животна опасност, потврдија од самиот клуб, по повредата која ја заработи во директен дуел со Гери Кејхил, фудбалерот на Челси.

Мејсон по воздушен судир со Кејхил падна на земјата, по што лекарскиот тим влезе на терен и со помош на кислород го извадија од тревникот, а потоа веднаш бил пренесен во болница.

Над фудбалерот е извршена операција, по која е во стабилна состојба, но ќе остане да во болницата, со цел да се избегнат можни компликации врз неговото здравје.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -