16.8 C
Skopje
Thursday, March 20, 2025

Димовски до Џафери: Како планирате да се одржуваат пратенички прашања кога пола Влада ја нема во Собранието?

Наместо да се удварате на Владата треба да ги браните интересите на пратениците и да барате транспарентност и сериозност од страна на министрите. Токму затоа барам на сајтот на Собранието да ги објавите сите писмено поставени прашања кои немаат одговор од страна на надлежните министри, побара Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ откако неколку пратеници се пожалија дека со месеци чекаат одговори за писмените прашања кои ги поставиле.

Димовски исто така додаде дека Талат Џафери сериозно да ја третира седницата за поставување на пратенички прашања и во иднина да побара присуство на Владините преставници на седницата бидејќи на денешната седница пола министри не присуствувале.

поврзани објави

Последни објави