Барселона уште не може да здивне кога е во прашање Самуел Умтити кој има најмала откупна клаузула во целиот прв тим, но дојде до промени кога се во прашање преговорите. Последниот состанок кој се случи вечерва не беше обоен со сива боја како претходниот туку напротив и изгледа дека сепак ќе дојде до продолжување на договорот, но и зголемување на откупната клаузула која е 60 милиони евра.
Од Барселона соопштија дека се очекува да се потпише нов договор со 24. годишниот играч во рок од наредните три недели, а ова му создава голем проблем на Мурињо кој сакаше да прати понуда чим почне преодниот трансфер рок. Покрај Јунајтед има и други тимови кои се заинтересирани, но Барселона очигледно е свесна на што се кога е во прашање одбраната и дека евентуална загуба на Умтити би бил голем минус за клубот.