6.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

(ВИДЕО) Туск се обрати на македонски јазик: Многу работи се променија, чувствувам вистинска политичка волја за европска интеграција на Македонија

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев се обрати на македонски јазик. Туск рече дека чувствува промена во политичкиот менталитет во Македонија и вистинска волја за придвижување на евроатланската интеграција.

Препораката од ЕК е најдобар доказ дека напорите на Македонија импресионирале многумина во Европа, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која се обрати на македонски јазик.

– Многу работи се променија од 2015 година, кога доаѓав за да се сопре приливот на мигранти. Од тогаш балаканската рута е затворена и така треба да остане – рече Туск.

– Застанавте до нас во случајот Солсбери и ние ќе застанеме до вас. ЕУ е најголема надеж за вашите траѓани – рече првиот човек на Европскиот совет.

Премиерот Заев, пак, кажа дека по ЕК, Македонија сака да ги убеди и земјите членки дека заслужува да добие датум и да ги почне преговорите за членство, а во тоа никогаш била поблиску.

– Продолжуваме со исто темпо, реформите ќе станат повидливи и поконкретни – рече Заев, најавувајќи го Планот 18, што се подготвува во соработка со ЕК.

поврзани објави

Последни објави