4.8 C
Skopje
Tuesday, March 18, 2025

Мурињо се огласи: Зошто Челси се откажа од Салах и еве каде треба да се бара вината за неговата спорна продажба

Фасцинатната игра на легендарниот „египетски Меси“, фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах кој годинава е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата со неговата игра придонесе за поголем успех на клубот од Ливерпул.

Сепак, пред да пристигне на Енфилд, Салах беше посакуван и од управата на клубот од Стемфорд Бриџ, Челси, кои сега за жал можаат само да им завидуваат на нивните колеги од Ливерпул кои уживаат во прекрасната игра на моќниот Мохамед Салах. Тие мора да се помират со фактот дека испуштија навистина еден огромен фудбалски талент кој годинава донесе позитивни промени во фудбалскиот свет, а љубителите на фудбалот постојано се зад ТВ екраните кога е во прашање натпревар на Ливерпул.

Според тамошните медиуми за главен виновник за лесното откажување на Челси од Салах, е денешниот тренер на Јунајтед, а тогашен прв човек на клубот од Стемфорд Бриџ, Жозе Мурињо.

Португалскиот стратег во интервју за „ЕСПН“ одлучи да се огласи на оваа тема.

– За првпат ќе го кажам ова, но станува збор за нова неправда со која е поврзана моето име. Луѓето велат дека јас го продадов Салах, а всушност е сосема спротивно. Јас го купив Салах во Челси, а тоа е сосема спротивно. Јас бев човекот кој го купи Салах за Челси, јас му кажав на Челси да го купи Салах. Но, тогаш тој беше мало дете, физички не беше подготвен, психолошки исто така, социјално и културно беше загубен и се беше многу тешко за него. Одлучивме да го пратиме на позајмица и самиот тој го сакаше тоа. Сакаше да има поголема минутажа, да созрее, и затоа го пративме во Фиорентина. Сакам да бидам јасен, Челси одлучи да го продаде, а не јас, – тврди Мурињо.

поврзани објави

Последни објави