3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Мицкоски: Со Груевски не сум остварил комуникација подолго време, но тоа не е ни битно

Сметката на Владата во 2006 година беше блокирана. Не треба човек селективно да се сеќава, туку објективно, рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата КликПлус на ТВ 21.

Македонија треба да биде држава на секој граѓанин, а сега е најмалку таква. Она што можам сега да ви го кажам е дека на дневна основа среќавам десетици луѓе кои не се од македонска етничка припадност, сите без исклучок имаат заеднички именител дека никогаш потешко не се живеело во државата, додаде тој.

Мицкоски истакна дека има власт која ветуваше 500 евра плата. Знаете колку е планиран порастот на нето плата според макроекомските индикатори на министерството за финансии. На ниво од 24. 900 денари. За до 30. 000 денари знаете колку платата треба да расте во 2019 и 2020? По најмалку 25 %, дали тоа е реално за Вас? – праша Мицкоски.

Се додека ДУИ се обидуваат да не ги решаваат проблемите на албанците и да наоѓаат ѓаволи во ВМРО-ДПМНЕ, се до тогаш ќе имаат послаб рејтинг кај гласачкото тело кај албанците, вели Мицкоски и притоа додава:

Ние преговараме на принципиелни теми како да направиме од оваа држава поубаво место за живеење. Ние се надеваме дека доколку има избори, ќе бараме гласови од сите граѓани на РМ без разлика на нивната етничка припадност.

На прашањето дали за внатрепартиските реформи се консултирал со неговиот претходник Мицкоски одговори: Со Груевски не сум комуницирал подолго време, а тоа не е ни битно.

поврзани објави

Последни објави