16.8 C
Skopje
Thursday, March 20, 2025

Борисов кон Туск: Ти благодарам за обраќањето на бугарски! Ги освои срцата на сите бугари (галерија)

Прво треба да ви се заблагодарам за вашите зборови на бугарски во Софија, бидејќи за секогаш ги освоивте срцата на бугарите.

Ова го кажа премиерот на Бугарија Бојко Борисов на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на конференцијата во Скопје, каде двајцата учествуваат на средбата на лидерите на државите од процесот “Брдо-Бриони“.

Знам колку си зафатен и колку е тешко да го направиш сето тоа во Варна и да си толку добро подготвен. Сакам да ја поздравам целата политичка елита на Балканот, дека почувствуваа, дека сега е времето да се придвижиме напред. Почнувајќи од Грција и Романија до Словенија. Така што, јас ти благодарам, Доналд“, рече уште Борисов.

 

ФОТО
ФОТО

поврзани објави

Последни објави